ЗА НАС

Многу љубов помешана со фантазија, со среќна мисла и малку магија…

Уметниците се изразуваат на најразлични начини и преку најразлични медиуми. Способноста успешно да се реализира едно дело кое ќе биде допадливо за повеќето, на секој уметник му е достигнување.

Дури и кога се работи за правење торти. Во последно време, сведоци сме на фантастични мајстори кои изработуваат слатки произиводи, но на начин кој ги руши бариерите на стандардното, при тоа давајќи му примат на визуленото со огромна доза на уметничка екстраваганција.

25

години на постоење

1.000+

задоволни клиенти годишно

100+

оригинални производи месечно

“Тортата не оди во стомакот, туку во душата.”

~ Канела

Инспирацијата ја црпам најчесто од желбите на луѓето. Доволно е една средба и неколку зборови од клиентите за да се нурнам во мојата фантазија, а подоцна со мојот тим да направиме предмет кој треба да се јаде и се вика торта.

– Никола Ристов